Над 37000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Првите 8000 вакцини од компанијата „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм“.
Османи потсети и дека земјава уплати 800.000 дози вакцини во рамките на КОВАКС механизмот, и има, исто така, директен договор со „Фајзер“ за 800.000 дополнителни дози.
-На овој начин сметавме дека сме сигурни и покриени со 1,6 милиони дози и дека тие се повеќе од доволни за да се имунизира нашето население. Но, сè уште не сме добиле ништо, вели Османи.
Тој потенцира дека, за жал, земјите од регионот на Западниот Балкан се влезени во регионален натпревар за добивање вакцини и со таа станаа предмет на геополитичка конкуренција за прашањето за вакцините.
– Владата одлучи да купи 200.000 вакцини од Кина, но нашата цел е да се заштитиме од овие геополитички размислувања. Идејата е да се започне кампањата за вакцинација, додава Османи, кој се надева дека наскоро ќе ги добиеме и платените вакцини.
Потсети дека од појавата на пандемијата на Ковид-19 регионот доби голема поддршка преку механизмите за солидарност на ЕУ или НАТО во однос на набавка на санитарна опрема, со што земјите од Западниот Балкан добија чувство дека се дел од Унијата, но таквиот впечаток не продолжи и кога започна вакцинацијата.
Првите 8000 вакцини од компанијата „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм“. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.
Над 37000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19, информираа вчера за МИА од Министерството за здравство.
Веб-страницата беше пуштена во функција пред три дена, а на неа може да се пријави секој граѓанин заинтересиран за вакцинација. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.
Според предвиденото од надлежните институции, во првата група за вакцинација се здравствените работници и лицата над 70 години.
Министерот за здравство Венко Филипче завчера изјави дека околу 70 отсто од здравствените работници изразиле желба да се вакцинираат.
– Тие ќе бидат први вакцинирани, како и лицата над 70 години. Со мечирање на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, понатаму матичните лекари треба да ги известат своите пациенти и да ги прашаат дали сакаат да се вакцинираат и тој податок да се внесе во „Мој термин“, рече Филипче.