Македонија 10. декември 2020. / 20:18

Над 11000 активни случаи на Ковид-19 во Скопје, во Тетово и Прилеп над 900

Над 11000 активни случаи на Ковид-19 во Скопје, во Тетово и Прилеп над 900

Со последните статистички податоци за состојбата со ковид-19 во земјава, Скопје надмина 11 илјади активни случаи во моментов. Во главниот град од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 30 689 позитивни на новиот коронавирус.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие регистрирани се 929 нови случаи на целата територија во земјава, од нив најмногу (417) се во Скопје.

Во денешната статистика се регистрирани и 1 068 оздравени пациенти, од кои повторно најголемиот број се во главниот град, вкупно 255.

По Скопје, градови со највисока бројка на кативни случаи се Тетово (998) и Прилеп (920). Зад нив со највисок број на активни случаи се Битола со 889, Гостивар со 883, Велес со 668 и Куманово со 645.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 70 883, бројката на оздравени пациенти е 47 364, на починати е 2 051, а бројот на активни случаи изнесува 21 468.