За лажните вести, нивната цел и изворот од кои потекнуваат зборуваше универзитетскиот професор Александар Нацев во емисијата Алфаскоп.
Професорот констатира дека шерувањето на лажните вести денес зазема голем замав, а зборуваше и за разликите меѓу информација, дезинформација и погрешна информација.
-Дезинформацијата е смислена алатка за стратешко комуницирање, во кое што во сршта, во основата, е вткаена манипулацијата. Значи таа има за цел да го изманипулира оној кој што ја прима и за неа може да кажеме дека е намерно невистина. Додека погрешните информации се ненамерни невиситни.- објасни Нацев.
Социјалите медиуми направија експлозија во стратешкото комуницирање и максимално се искористени од страна на манипулаторите, додаде професорот.
Погледнете го целосно интервјуто: