Македонија 10. септември 2019. / 12:56

На СЈО не им е јасно: Што ќе се случи со „бомбите“ ако немаме нов шеф?

На СЈО не им е јасно: Што ќе се случи со „бомбите“ ако немаме нов шеф?

Од Специјалното јавно обвинителство, во соопштението издадено денеска, ја отвораат дилемата за контролата врз прислушуваните разговори што ги има во посед ова обвинителство, ако до 15 септември не биде избран нов шеф или не се најде друго законско решение.

– Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството. – предупредуваат од СЈО.