Македонија 20. април 2019. / 19:52

На литургијата на Папата Франциск на плоштадот во Скопје ќе присуствуваат најмалку 15.000 верници

На литургијата на Папата Франциск на плоштадот во Скопје ќе присуствуваат најмалку 15.000 верници

На 7 мај во Скопје, литургија ќе одржи Папата Франциск на Плоштад Македонија. Според досегашните информации на овој чин се очекува да присуствуваат најмалку 15.000 граѓани кои ќе влезат со пропусници кои бесплатно ги издава Католичката црква. Досега се пријавиле и многу странски државјани, од кои најмногу се пријавиле од Хрватска.

Во рамките на еднодневната посета на Папата Франциск на Скопје на аеродром ќе го пречекаат премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов, кој ќе го прими во претседателската вила на Водно. Подоцна, во спомен-куќата на Мајка Тереза Папата Фрањо ќе се сретне со поглаварите на сите верски заедници.