Македонија 14. октомври 2020. / 14:41

На конкурсот за 200 професионални војници пријавени 1800 кандидати

На конкурсот за 200 професионални војници пријавени 1800 кандидати

На распишаниот конкурс за 200 професионални војници се пријавиле над 1800 кандидати, тоа покажува, потенцира денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, дека Армијата ќе се подмладува и може да се подмладува само ако вложите во повисоки плати, во подобра опрема, ако вложите во подобар имиџ и во подобри шанси за сите оние кои работат во Армијата.

Според неа, интересот на младите да пристапат кон Армијата, а што се гледа по тоа што за секое место има по девет кандидати, е резултат и на нашето членство во НАТО, меѓутоа и резултат на зголемените плати и на вратената доверба во Армијата, вратената доверба дека ова е професија што државата ја цени и на соодветен начин ја плаќа.

– Армијата секогаш ја враќала довербата во неа, успевала да одговори на задачи и во најтешки околности, но сега покажавме и дека државата си ги цени своите војници, своите офицери и младите луѓе од сите етнички заеници, и мажи и жени, тоа го покажаа со овој интерес, изјави Шекеринска, која денеска ги посети кандидатите за професионални војници кои во моментов се во фаза на физички проверки на Воениот стадион во Скопје.