Гордана Силјановска Давкова, еден од тројцата кандидати за претседател на Македонија, за утре ги покани своите поддржувачи на заедничко вежбање јога.
Сите јогисти од Струга, Охрид и околината Ве поканувам на едночасовна јога дружба на зелената површина покрај Куба Либре плажата во вторник од 10:30, напиша професорката на својот кампањски профил на Фејсбук.
Инаку Силјановска денеска ја започна официјалната претседателска кампaња од својот роден град Охрид.