Државната изборна комисија објави дека на избирачкото место во селото Лојане, каде имаше прекин на гласањето поради проблеми со избирачкиот список, ќе има продолжување на гласањето и по 21 часот.
Неофицијално, Алсат дознава дека времето на гласање ќе биде продолжено за 1 час и 20 минути. Општо, во Куманово гласањето се одвива според правилата, одзивот на гласање досега достигна околу 40 проценти.