Македонија 03. декември 2020. / 13:47

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.318 пациенти

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.318 пациенти

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 1.318 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информира Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивeн и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица лежи 63 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 15 лица позитивни на коронавирусот.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, нагласува Министерството за здравство