Македонија 15. март 2021. / 13:37

На инфективните одделенија во Македонија се лекуваат 1040 пациенти со Ковид-19

На инфективните одделенија во Македонија се лекуваат 1040 пациенти со Ковид-19

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1040 пациенти со Ковид-19 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 31 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 604 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и работат ковид – центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 23 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест примени пациенти и двајца биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните клиники се лекуваат 199 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести има 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 29 пациенти. На ГАК има четири хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 60 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 75 пациенти, во Прилеп 96, во ковид – центарот во Гостивар 28, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани седум, во Кичево седум, Кавадарци 64, а во Гевгелија 15 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.