Македонија 29. јули 2020. / 19:28

На идните пратеници, пред да влезат во Собрание, ќе им се мери температура

На идните пратеници, пред да влезат во Собрание, ќе им се мери температура

Досегашпниот претседател на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за свикување на првата-конститутивна собраниска седница на новиот парламентарен состав.

Седницата ќе се одржи на 4 август во 12 часот во Големата сала на Собранието и ќе ја води Талат Џафери кој е моментално на лекување во болница.

Седницата ќе се одвива според протоколи и критериуми утврдени во координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од корона вирусот.

На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.

Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема.