Притворениот поранешен шеф на УБК на две одделни сметки, на други имиња, поседувал вкупно 11 милиони евра, за кои се покажало дека се негови.
Ова е дел од решението за притворот што му беше определен на Мијалков, а се темели на допис од Управата за финансиско разузнавање.
Од СЈО пак, побарале притвор бидејќи имало индиции дека Мијалков презема активности кои укажуваат на бегство.
Притворот е побаран за еден од клучните предмети на СЈО, „Таргет – тврдина“ односно за масовното прислушување и уништување на опремата и снимките.