Политичарот Амди Бајрам минатиов период бил подвргнат на оперативен зафат во кој му е ампутирана едната нога и во моментов е во фаза на закрепнување.
Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката ммислам дека ќе се вратам. Сега ми треба малку време да закрепнам, но ќе се вратам. – кратко изјави за „Скопје1.мк“ Амди Бајрам.
Амди Бајрам на политичката сцена е присутен од 1991 година и до сега бил во коалиција со сите партии на власт.