Македонија 10. декември 2018. / 12:47

На 15 јануари ќе се гласаат уставните измени

На 15 јануари ќе се гласаат уставните измени

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска најави дека комисиската расправа за уставните измени треба да започне на 17 декември.

Јавните дебати за нацрт амандманите завршуваат денеска во градовите Штип и Тетово, а според најавите на собрансикиот спикер најверојатен датум кога ќе ја закаже пленарната седница го посочи 9 јануари, односно 15 јануари, кога треба да се случи гласањето за уставните измени.

Сепак за да поминат уставните измени во Собранието треба да гласаат две третини од пратениците.