Македонија 01. јуни 2020. / 10:24

МВР: Казни за 585 лица поради неносење маски

МВР: Казни за 585 лица поради неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие полицијата изрече прекршочни казни на 585 лица на цела територија на државата поради непочитување на мерката за носење лична заштита на лица.

Според МВР, во изминатите 24 часа на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. При контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирано е едно лице кое на ја почитувало мерката за самоизолација.