Македонија 26. јануари 2021. / 12:07

Мутафчиев: Македонија ја гради нацијата врз една етничка група, а тоа секогаш ќе биде проблем

Мутафчиев: Македонија ја гради нацијата врз една етничка група, а тоа секогаш ќе биде проблем

Никој не го негира правото на Македонците да се наруваат Македонци, вели членот на Националниот совет на опозициската Бугарска социјалиситчка партија (БСП), Петар Мутафчиев во интревју за софиската агенција Фокус.

Нека бидат нарекувани така, ние сме Бугари. Нека зборуваат македонски, тоа е целосно нивно право. Нека работат за доброто на македонската држава, но да не се обидуваат да го менуваат минатото, истакнува Мутафчиев, кој се претставува како потомок на преродбеникот Кузман Шапкарев.

Според него, никој нема да се согласи да се прави каков било „процес на преродба на историјата“.

– Никој не е заинтересиран за тоа. Ајде да гледаме напред кон иднината, минатото е јасно, додава Мутафчиев.

Тој оценува дека „Македонија ја гради македонската нација само врз една етничка група“, што, според него, секогаш ќе претставува проблем за земјата.