На слободата и вистината не им е грижа како се чувствувате. Вистината ја опишува реалноста, без разлика дали таа некому му се допаѓа или не, без разлика дали вистината ве прави среќен, тажен или нервозен. Слободата е отсуство на принуда, на која има право секој човек, се додека физички не ја загрози слободата на другиот. Јас мора да бидам слободен ШТО САКАМ да правам со сопственото тело, сопствениот живот или пари…се додека физички не загрозам друг човек. Дали на другиот му се допаѓа мојата фигура, фризура, јадењето или пиењето кое го конзумирам, филмовите кои ги гледам, луѓето кои ги почитувам…воопшто не ме боли половиот орган.
Истото се однесува и на религизоните убедувања. Можете да верувате во што сакате, можете да живеете како сакате, можете да се воздржувате или жртвувате себеси на безброј начини какви сакате. Мој проблем е што ќе јадам, колку ќе јадам, како ќе јадам и каде ќе јадам…без разлика кој какви чуваства или мислења има во врска со тоа. Исто така, имам право дури и намерно да ги предизвикувам со храна, оние кои од неа се воздржуваат, без разлика на причините за воздржувањето. Таквите може да ме игнориаат, па не ме почитуваат, можат да ми откажат пријателство или да попуштат па да земат храна…НЕМААТ ПРАВО ДА МЕ СОПРАТ!
Исто така имам право, да ги карикирам, омаловажувам, па и мразам различните религии, како и нивните вредности и идоли…односно имам право истите да ги опишувам, цртам, карикирам на начин кој ЈАС го сметам за најсоодветен. СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО НЕ КАЗНУВА ВИЦЕВИ И ШЕГИ, НИТУ КРИТИКИ, НИТУ НЕГИРАЊА! Во слободно општество НЕМАТЕ право на „заштита“ од непријатни чувства, од нервоза, ниту од отворена провокација. Такви права НЕ постојат, барем не во слободни општества.
Во слободно општество, законите имаат за цел да го заштитат поединецот од колективот, како и неговиот имот, односно да ја ограничат Власта. Во слободно општество законите влечат корен од човековите слободи, а НЕ од народните обичаи, од верските вредности, или незнам…од племенските ритуали. Мулти-културализмот е анти-цивлизаициски принцип кој го подразбира токму обратното, токму ова што го гледаме/читаме на оваа наредба во Општина Струга. Слободата да ја изгазиш во името на вредностите на една група, без разлика дали е мнозинска или малцинска.
Мулти-културализмот, како современ облик на варваризам, за жал има метастазирано по многу метрополи на Запад, особено во Европа. Една од најсветлите епохи во европската историја, хуманизмот и ренесансата, почива врз критика, карикирање, исмевање, па и комплетно отфрлање на христијанските учења и вредности. Со кое право денес, во 21 век, отворено се забранува критикување, карикирање или исмевање на Исламската религија и нејзините вредности…поготово кога истите продираат во Европа, и тоа во форма на вакви закони (или норми) како во Струга? Термините „Исламофобија“ и „говор на омраза“ се производ токму на мулти-културните варвари, со кои ваквите забрани стануваат се пораширени, додека нивните критичари се се побрутално замолчувани.
На територија на денешна Европа, е забрането прикажување на пророкот Мухамед со бомба на главата. Во Англија, хероите од легендарната серија МОНТИ ПАЈТОН, јавно соопштија дека нема да ја снимат комедијата „Житие по Мухамед“ во која се исмева Исламската Религија, иако не беше никаков проблем истото да го направат со Христијанската Религија во филмот „Житието на Брајан“. Ете тоа е мулти-културализмот на дело…триумф на Шеријатското Право, против слободата на говорот.
Понатаму, според кои тоа закони се воведени „Халал Стандардите“? Во слободно и секуларно општество такви стандарди и термини не постојат. Значи повторно триумф на Шеријатското Право во Европа, овој пат против слободниот пазар.
Во одредени делови на Шведска и Германија, постои полова сегрегација на јавните базени, бидејки според Шеријатското Право, мажите и жените не требале да се гледаат меѓусебно кога се голи или „несоодветно облечени“. Повторно триумф на Шеријатското Право во Европа, овој пат против родовата еднаквост.
ШТО Е СЛЕДНОТО…сечење раце за кражба, јавно каменување на неверни жени, комплетна забрана на алкохол, или можеби задолжителна бурка за сите од женски пол? Која е следната исламска вредност која мулти-културните варвари во ЕУ ќе ја претворат во закон, кој понатаму не смееме ниту да го критикуваме?
Алтернатива на милти-културализмот е натурализацијата, човековото природно спојување со цивилизираната средина која го опкружува, почитувањето на нејзините закони, како и со вредностите на општества кои почиваат врз слободата како универзала вредност. Натурализацијата НЕ ги елеминира или забранува културните и верските обичаи и норми на различните групи, туку нивната манифестација и обожување ги сведува на домашни услови. Постот, бурката, религиозните книги и ритуали, сето тоа може да биде почитувано и практикувано во домашни услови, или во поголеми и пишироки приватни кругови. Таквите вредности НИКОГАШ не смеат да прераснат во закони, а доколку прераснат, работа на слободољубивите луѓе е истите да НЕ ги почитуваат, односно поради таквите да се борат.
Европските вредности се единствените вредности врз кои почива демократијата како политички систем, односно либералната филозофија со слободниот поединец како главен императив. Врз таквите култури почиваат законите и системите кои создале најпросперитетни општества. Капитализмот и парламентарната демократија, како највисоки цивилизациски дострели на општествен план, почиваат врз филозофијата и вредностите кои се градени и развивани во Европа, и донекаде во САД. Од Аристотел, преку Џон Лок, па се до Австриската Школа, европските култури, норми и обичаи служеле како филозофска основа за развојот на капитализмот и демократијата…а не оние од Африка или Азија. Од тие причини, мешањето или изедначувањето на европските вредности, со оние неевропските, доведува до цивилизациски регрес, а не прогрес. Мулти-културализмот можете да го замислувате или (ре)дефинирате како сакате, но неговата перверзна логика, на изедначување и мешање, на култури кои се во основата највисокиот човеков развој, со култури кои не создале ништо (или пак се во отворен судир со европските) не е ништо друго туку модерен тип на варваризам. Тој варваризам има тенденција да ги уништи, или барем да ги маргинализира вредностите врз кои почива современата цивилизација. Од тие причини, мулти-културализмот неможе да се дефинира поинаку, освен како варваризам. Тоа што таквиот варваризам е подигнат на интелектуално ниво, незначи дека е скротена неговата деструктивна природа. Смрт за мулти-културализмот, нека се врати и нека живее натурализацијата!
Виктор Трифуновски