Македонија 01. јуни 2020. / 10:05

Мухамед Зекири ги испрати во изолација Царовска, Манчевски и Забрчанец

Мухамед Зекири ги испрати во изолација Царовска, Манчевски и Забрчанец

Mиниситерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска и советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец се во изолација откако пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири објави дека е позитивен на корона вирусот.

Во 14-дневен карантин е и новинарката Душица Мрѓа од Тв24 каде Зекири минатата недела гостуваше во дебатна емисија заедно со генсекот на опозицијата Игор Јанушев.  Тој пак, на неговиот фејсбук профил, каде му посака брзо закрепнување на Зекири, објави дека се тестирал од Ковид-19 и дека ќе ги преземе сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти, но не спомна дека заминува во самоизолација. Лично Јанушев не ги потврди ни демантира пишувањата на медиумите дека тестот бил негативен.

Останува енигма дали се ова единствените личности од јавната сфера со кој Зекири се сретнал?

Тој во гостувањето во дебатната емисија на ТВ 24 изјави дека пристигнал во телевизијата од средба со најтесното партиското раководство на СДСМ. Претседателот на партија Зоран Заев во изјава за Лидер рече дека со Зекири немал контакт во последните 20 дена, но дека состаноците кои се одржуваат во седиштето на партијата согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција.

Доколку постои одлука или задолжение од некоја надлежна институција за самоизолација, додаде Заев, или пак други мерки кои здравствените власти оценат дека треба да се преземат, СДСМ ќе ја информира јавноста.