Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју во дневникот на МРТ истакна дека за Македонија да добие нов закон за јавното обвинителство мора сто процентно да се работи според Уставот и законите.
– Да донесеме закон за кој што крајна оценка за него ќе го дадат неполитичките субјекти туку врвните експерти што ги имаме од областа на Уставното парво, казненото, материјално и процесуално право, луѓето кои што работат во фелата на обвинителите, судиите, невладиниот сектор. Дајте да ги вклучиме сите релевантни субјекти и да видиме дали навистина ова решение е реформско и што можеме да направиме да го подобриме истото. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го предлага веќе подолг период , што е можно повеќе да ја отвориме оваа јавна расправа – образложи Муцунски.
Муцунски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ангажирало голем број независни и непартиски експерти, најквалитетните што ги има оваа земја и тие дале многу сериозни забелешки за содржината на законот.