Македонија 07. јули 2020. / 20:56

Муцунски: Според ММФ три години сме единствена земја во регионот којашто има пад на животниот стандард

Муцунски: Според ММФ три години сме единствена земја во регионот којашто има пад на животниот стандард

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија, во врска со економските статистики од ММФ, посочи дека во последниве три години сме единствена земја во регионот која има пад на животниот стандард, граѓаните живеат се посиромашно.

Ние во последните три години сме единствената земја во нашиот регион којашто има пад на животниот стандард, тоа го вели ММФ, падот е 0.1 процентен поен додека сите земји во регионот растат со минумум 1.5 процентен поен од 2017 година до 2019 година, посочи Муцунски.

Тој вели дека имаме пад од над 10% на странските директни инвестиции и бројките што се прикажуваат како странски директни инвестиции се всушност реинвестирана добивка,значи немаме отварање нови фабрики или нови работни места.

Кај нас се зголемени расходите и се намалени капиталните инвестиции, што значи владата троши повеќе, а од тоа што го троши се помалку и помалку троши на продуктивни трошоци, да не говориме на фактот дека имаме раст иселувањето од Македонија, вели Муцунски.

Тој заклучи дека граѓаните живеат посиромашно, а ние имаме се помалку продуктивна економија, затоа планот на ВМРО-ДПМНЕ е намалување на даноците, масовно зголемување на капителните инвестиции, создавање на добра деловна клима и враќање на Македонија на сите листи кои странските инвеститори ги ценат, преку регулаторна гилотина и создавање на услови за инвестирање.

Ќе понудиме вистински промени, ниски даночни стапки и развиена економија, заврши Муцунски.