Македонија 16. јуни 2020. / 22:15

Муцунски: СДСМ ја доведе Македонија до ситуација да ја нарекуваат „Ground zero“ за Ковид-19

Муцунски: СДСМ ја доведе Македонија до ситуација да ја нарекуваат „Ground zero“ за Ковид-19

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма, посочи дека СДСМ треба да одговара за дебаклот што се случи во здравствениот и економскиот сектор.

Како што истакна Муцунски, очигледно е дека неспособноста на СДСМ  по кој знае кој пат испливала на виделина.

Има еден термин кој се нарекува одговорност, слушнав многу за гледиштата кон причините зошто ние се наоѓаме во оваа криза и навистина ми беше непријатно како слушнав дека министерот Наќе Чулев и сите граѓани се виновни. Барем тоа е моја интерпретација. Постојат институции на систем, постои претседател на Влада, постои министер за здравство, постои Комисија за заразни болести. Па ако влеземе во министерството за внатрешни работи постои и директор на Бирото за јавна безбедност. И сите овие луѓе се од политичката партија на СДСМ – појасни Муцунски по излагањето на Манчевски во емисијата „Топ Тема“.

Муцунски додаде дека, според него, имаше неконзистетна здравствена политика.

Eкспертите некој ден треба да дебатираат зошто Македонија дојде до оваа ситуација да не нарекуваат „Граун Зиро“ за Ковид во Европа. Имаме застрашувачки бројки и се уште сме изолирана земја во Европа, од гледна точка отворени гранични премини – изјави Муцуснки.

Тој потенцира дека политиките во делот на здравство се креирале за да се дојде до брзи парламентарни избори.

Тоа беше едно инсистирање на СДСМ. Ние во целокупниот процес на дијалог со сите политички субјекти во државата нагласувавме дека има одредени предуслови кои што се потребни за да дојдеме до парламентарни избори. Факт е дека на државата и се потребни функционални институции, тоа не може никој да го спори. Но за нас пресудувачки факт е можеби состојбата која што се случи токму со корона кризата, односно неспособноста и неподготвеноста на актуелната влада да се справи со оваа пандемија – нагласи Муцунски.

Муцунски додаде дека предусловите на ВМРО-ДПМНЕ , Мицкоски ги објавил во недела и тоа се два предуслови.

Прво да се создадат протоколи и политики кои што ќе претставуваат гаранција за здравствениот дел односно процесот на водење на кампања и самиот дел на гласањето. Вториот аспект на ставот на ВМРО-ДПМНЕ е зошто требаше баш тој период за одржување на парламентарните избори е факт за да се има фер и демократски избори, а за тоа треба да се има набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР – потенцира Муцунски.

Тој посочи дека е факт оти СДСМ имаше намера да исплаќа средства во период на кампања.

Точно е дека сте ги викале претставниците на Стопанските комори и на опозицијата, но колку сте ги слушале. Бидејќи тој совет не ги носи економските политики односно економските политики ги носите вие на седница на Влада. И доколку тие економски политики биле кохерентни, доколку тие економски политики биле ефикасни кон приватниот сектор немаше да имаме 15.000 луѓе кои што се оставени без своите работни места. Немаше стопанските комори до ден денес јас јавно го слушам гласот на Стопанските комори кои што велат дека не се задоволни од мерките кои што се  донесени од владата – нагласи Муцунски.