Стандардот на универзитетскиот кадар е релативно на ниско ниво во споредба со вреднувањето на професорскиот кадар во земјите од регионот, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
За таа цел во следните години ќе работиме на поголемо вреднување на трудот, со поголеми плати и до 100.000 денари на професорите, доцентите и асистентите на факултетите. Науката мора да биде национален интерес, достоинството на професорите и стручниот кадар мора да го вратиме, изјави Муцунски.