Секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, смета дека неуспесите и неостварените ветувања на владата на СДСМ ја рушат перспективата на младите во Македонија.
Муцунски е убеден дека ако младите од Македонија се успешни надвор од земјава, тогаш можат да бидат уште поуспешни во татковината.
– Ние, со работа и реформи, на непосреден, брз и ефективен начин ќе ги реализираме евроинтеграциите – најави Муцунски.