Македонија 12. март 2020. / 21:38

Муцунски: Некои мерки за корона вирусот требаше порано да се преземат

Муцунски: Некои мерки за корона вирусот требаше порано да се преземат

Корона вирусот е глобален проблем и потребно е сите да бидеме одговорни. Ова прашање ја надминува дневната политика бидејќи се работи за здравјето на граѓаните. И оттука заеднички треба енергијата да ја насочиме кон изнаоѓање навремен одговор, рече секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на гостувањето на телевизија Алсат М.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека можеа некои мерки да се преземат уште порано. Ние имаме и конкретни предлози за да сме подготвени. Прашањето не е дали, туку кога ќе се соочи било која држава со корона вирусот. Значи колку порано има превентива, нема да треба да стравуваат граѓаните, а ќе треба да вклучиме одредени ресурси помлади лекари и пензионирани лица кои треба да ги вклучиме, потоа да ја оптимизираме работата на клиниката, рече Муцунски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ постојано нуди предлози.

-Освен што нудиме мерки, ние ги нудиме и сите ресурси кои ги имаме. Ние ги ставаме целосно на располагање капацитетите за ова прашање кое е национално, секој е под ризик, рече Муцунски.

Според него да – системот потфрлил, а укажа дека можеби сега не е примарно, но треба да се мисли и на економијата.

-Потенцијалниот економски импакт врз приватниот сектор ќе дојде на ред, некои влади излегоа со конкретни мерки. Јас сум против интервенционизмот ама мислам дека мора да се помогне на приватниот сектор, рече Муцунски.