Kандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1, Тимчо Муцунски, порача дека со проектот „Обнова“, се обврзуваат на зголемување на ефикасноста на држвните институции, создавање најповолни деловни услови за приватниот сектор и најефикасно користење на буџетските средства, како и создавање еднакви можности за просперитет и подобри услови за животот на сите граѓани.
„Проектот #Обнова нуди план со кој се обврзуваме кон Вас – граѓаните.
–Се обврзуваме за зголемена ефикасност на државата и силни институции.
–Се обврзуваме за создавање на најповолни деловни услови за приватниот сектор и најефикасно користење на буџетските средства.
–Се обврзуваме дека ќе создадеме еднакви можности за просперитет и подобри услови за животот на сите граѓани.
Нашата визија нуди подобри времиња за Македонија, затоа на 15-ти јули ја бараме вашата поддршка. Исправи се Македонијо, одбери Обнова“, вели Муцунски во своето видео обраќање.