Македонија 26. декември 2019. / 22:48

Муцунски до Жерновски: Уценувате избори со усвојување на закони од тесен партиски интерес

Муцунски до Жерновски: Уценувате избори со усвојување на закони од тесен партиски интерес

Тоа дека ВМРО-ДПМНЕ блокира закони и рефомри од интерес на граѓаните доаѓа од кујната на лажни вести на владата, рече Тимчо Муцунски, секретар за меѓународни односи на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија 24 на која учествуваше и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски од ЛДП.

-Зоран Заев и Владата уценуваат избори со усвојување на законот за опојни дроги за легализација на сопствените бизниси, усвојување на закон за одбрана со кој се обезличува Армијата и промена на изборниот модел. За изборниот модел, да, треба измени, но не сега непосредно пред избори. Тоа треба да се отвори по избори и да се отвори јавна дебата. Јас лично сум за мнозински изборен систем за граѓаните да знаат кој е пратеникот на кој треба да му се обратат. Владата во пакет на уцена става закони од тесен партиски интерес, рече Муцунски.

Тој му посочи на Жерновски дека треба да зборуваа за економија, за проблем со невработеност на млади, за попустлива надворешна политика со која мислите дека сте решиле големи прашања и слично. -Попустливата надворешна политика која го повреди интегритетот на граѓаните, на внатрешен план не решивте ништо граѓаните живеат полошо, во правосудството е полошо, деновиве гледаме низа на вработувања, а вие викавте никако вработување пред избори, посочи Муцунски.