Македонија 29. јули 2020. / 13:02

МТСП: Петок, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед

МТСП: Петок, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 31 Јули, петок, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам.