Приоритет за посетување градинка од септември ќе имаат децата на кои двајцата родители им се вработени, како и децата на самохрани родители кои се во работен однос и за тоа ќе донесат потврда во установата. За тоа дали ќе се згрижуваат други деца, како и за запишување на нови, одлука ќе носат градинките, доколку во групите има помал број на деца од предвиденото во протоколот за заштита од Ковид-19, а и ако имаат просторните капацитети за тоа, велат од Министерството за труд и социјална политика – МТСП.
Од МТСП велат дека општините се основачи на градинките и треба да обезбедат просторни услови.
Согласно Законот за заштита на деца, каде што се утврдени надлежностите на општините како основачи на јавните детски градинки, и согласно протоколот, општините и градинките треба да изнајдат начин за згрижување на децата – велат од МТСП.
Целиот текст на деца.мк