Под мотото „Зелени вредности – наша трајна визија“, Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска го одржува четвртиот партиски конгрес, на кој единствен кандидат за претседател е Маја Морачанин.
Досегашната претседателка Лиле Поповска, која три мандати ја водеше партијата, одлучи да се повлече. Таа во своето обраќање изјави дека три мандати на чело на ДОМ се сосема доволни.
– Јас ќе се повлечев и минатиот мандат но тоа беа многу турбулентни времиња, имаше политичка криза, а ДОМ започна со излегување од тогашната коалиција, рече Поповска.
Таа додаде дека ДОМ е стабилна партија, која има извонредни кадри и ќе продолжи со јак ентузијазам и посветеност како и досега.