Македонија 15. јуни 2020. / 16:05

Монтажната болница повторно се враќа: Инфективната клиника и „8 Септември“ се полни

Монтажната болница повторно се враќа: Инфективната клиника и „8 Септември“ се полни

На Клиниката за инфективни болести според информацијата од вчера имаше згрижено 97 пациенти, додека вкупниот капацитет е 110, ако се стават во функција сите болнички кревети само за пациентите со ковид-19. Поради тоа се враќа монтажната болница, која ќе биде со капацитет од 70 легла. Таа болница веќе постоеше, но беше размонтирана кога министерот Венко Филипче соопшти дека епидемијата е ставена под контрола. Сега шатори нема да има туку ќе биде контејнерски систем. Болницата е опремена и се очекува тоа официјално да биде соопштено.

Во ковид-центарот „8 Септември“, пак,  има простор што може да се адаптира, но недостасува медицински персонал.