Судењето за случајот „Монструм“ се одложи поради отсуство на судијата Огнен Ставрев кој бил на службено патување. Судијата Осман Шабани кој е заменик судијата Ставрев во оваа постапка денес извести дека неговиот колега е на службено патување и дека следното рочиште за случајот со петкратното убиство кај Смилковските езера ќе се одржи на 6 мај.
На денешното рочиште требаше да се сослушаат сведоци предложени од одбраната.
Во судница адвокатот Насер Рауфу истакна дека го откажува полномошното на обвинетиот Агим Исмаиловиќ. Судијата Осман Шабани го поучи Исмаиловиќ дека треба да ангажира друг адвокат, а тој рече појасни дека не е во можност, односно дека нема пари.
Судијата му кажа дека во тој случај ќе добие адвокат по службена должност кој ќе треба да го застапува од следното закажано рочиште.
За овој случај со доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмајловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Лута.
Во декември минатата година, откако судскиот процес беше вратен од почеток, обвинетите беа пуштени да се бранат од слобода.