Македонија 26. ноември 2020. / 16:51

МОН: Апликациите за студентски стипендии да се доставуваат електронски, а договорите за ученички стипендии по пошта

МОН: Апликациите за студентски стипендии да се доставуваат електронски, а договорите за ученички стипендии по пошта

Министерството за образование и наука потсетува дека е во тек аплицирањето за студентска стипендија во академската 2020/2021 година, кое завршува заклучно со 30 ноември. Кандидатите кои ги исполнуваат конкурсните услови може да ги достават апликациите електронски на www.konkursi.mon.gov.mk или хартиено преку архивата на МОН.

– Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е поедноставен и побезбеден, или, пак, документите да ги доставуваат по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса – бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, соопшти Министерство за образование и наука.

Апелот се однесува и на учениците кои го оствариле правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година, а кои имаат обврска заклучно со 4 декември 2020 година до МОН да достават пополнет договор во три примероци (достапен на веб-страницата на МОН каде што се објавени резултатите) и копија од лична трансакциска сметка, да избегнуваат физичка посета на МОН, односно документите, исто така, да ги доставуваат по пошта.

За дополнителни информации МОН упатува и на официјалната електронска адреса: [email protected]