Горан Момировски, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за тоа колку промената на името на државата кое го направија СДСМ и Заев ќе влијае на изборите кои треба да се одржат во април при што потсети на изјавата на Заев каде се колнеше дека додека е жив нема да го промени Уставот и уставното име.
Вие се сеќавате на изјавата на Зоран Заев дур сум жив, дур го дишам овој воздух нема да го сменам Уставот и уставното име и тоа е политичка терминологија кои ја користат сите. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ мора да опстои на таа идеја дека ќе се обиде да го укине Преспанскиот Договор, истакна Момировски.
Тој во своето гостување потенцираше дека ниту еден македонец не може да заборави дека СДСМ и Заев го променија името на државата и дека има сериозни реперкусии врз тие што ја донесоа одлуката
-Заев е свесен дека ќе ја плати цената за ова што го направи на Македонија и на македонскиот народ и зошто го стори тоа на таков начин, додаде Момировски.