Македонија 17. April 2019. / 23:13

Могерини: Очекувам Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за пристап во ЕУ

Могерини: Очекувам Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за пристап во ЕУ

Балканот е во Европа кога ќе ја погледнете мапата на Европа, рече високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, на пленарната седница на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

Кога ќе ја погледнете мапата на Европа, ќе видите дека Балканот е во Европа. Затоа, наместо терминот проширување, повеќе сакам да кажам повторно обединување на Балканот со Европа“, истакна таа, додавајќи дека верува дека ЕУ со доследно дејствување може да го извлече максимумот од своето влијание.

Зборувајќи на заедничкиот состанок помеѓу АФЕТ и делегацијата на Европарламентот во Евролатиноамериканското парламентарно собрание (ДЛАТ) Могерини ја искористи можноста уште еднаш да го пофали договорот постигнат меѓу Македонија и Грција.

Могерини најави дека, како што веќе вети, очекува дека „Северна Македонија и Албанија во јуни ќе ги почнат преговорите за пристап во ЕУ“.

Пред да стане висок претставник на ЕУ, таа беше министерка за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија.