Македонија 23. март 2020. / 11:30

Мобилните тимови на Црвен крст ќе доставуваат намирници и лекови за лицата во самоизолација

Мобилните тимови на Црвен крст ќе доставуваат намирници и лекови за лицата во самоизолација

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани мобилни тимови на Црвен крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите.

Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

Сервисната услуга на мобилните тимови на Црвениот крст е бесплатна, а граѓаните треба да одвојат финансиски средства само за артиклите кои ќе треба да им се набават. Мобилните тимови овозможуваат поддршка на лицата на кои таа им е најнеопходна и кои поради мерките и препораките за заштита и превенција од коронавирусот не можат да ги напуштаат своите домови.

Во продолжение контактите по градови: