Македонија 26. ноември 2018. / 16:06

МНР потврди: Оштетени се граничните камења на македонско-грчката граница

МНР потврди: Оштетени се граничните камења на македонско-грчката граница

Изместени и оштетени се граничните камења меѓу границата на Македонија и Грција во должина од 12 километри, а во близина на Лерин. Од Министерството за надворешни работи ја потврдуваат информацијата и додаваат дека обновувањето ќе биде во согласност со Спогодбата за чување, одржување и обновување на граничните ознаки.

Според неофицијални информации, оштетени се 105 бетонски камења, дел од нив високи 1,5 метри во облик на пирамида и цилиндар.

Увид на македонско-грчката граница бил направен и од МВР, а во тек е постапката за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.