Министерството за надворешни работи досега нема добиено информаци за македонски државјани кои се обратиле за помош во дипломатско-конзуларните претставништва во Грција, како засегнати од пожарите кои ја зафатија Атина. Тие додаваат дека во овој момент се комуницира и со институциите од регионот на Атина, но и со засегнатите служби.
„Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба. Воедно, информираме дека контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071“, велат од МНР.
Шумските пожари избувна во западниот и источниот крај на Атина по високите температури, кои беа над 40 Целзуисови степени, и силниот ветер. Пожарникарите соопштија дека имало и над 150 повредени, некои од нив потешко и оти може бројот на жртвите да биде поголем. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и се врати во земјата, при што побара помош од Европската Унија и војската.