Македонија 30. јануари 2020. / 21:43

МНР им се извини на Корејците кои беа навредени во центарот на Скопје

МНР им се извини на Корејците кои беа навредени во центарот на Скопје

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Зоран Попов денеска ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореа кои беа изложени на вербален акт на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје.

– Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот, соопшти МНР.

Воедно, се посочува дека борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество, особено имајќи ја предвид неговата мултикултурална димензија.

-Таа борба треба да биде императив на сите институции, но и на граѓаните на нашата земја, стои во соопштението.