Македонија 11. мај 2020. / 20:43

Младите не се ничија сопственост, тие ги носат промените

Младите не се ничија сопственост, тие ги носат промените

„Граѓанските организации, тоа што е финансирано од Сорос, Студентскиот парламент сите се мои“ – Зоран Заев!

пишува: Горјан ДОНЕВ, генерален секретарна УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Вака почнува еден од разговорите кои цела македонска јавност имаше можност да ги слушне. Претседателот на партијата која ја предводи Владата го кажува она што сите го знаеме како јавна тајна. Сите се мои, сите ја ги контролирам е краток превод на македонски јазик за овие слободни „граѓански“ организации.

Пред македонската јавност со едната рака на срцето и навалена глава а во позади ја крои судбината на македонските граѓани кои грубо ги навредува со пцости. Едноставно тоа е Зоран Заев, прочитана книга која за многу брзо македонскиот народ ќе има можност да ја испрати во историјата.

И најнапред сакам да ги прашам „другарчињата“ кои беа предводници на пленумот:
Како се чувствувате и дали сте сега слободни и независни ?
Удобни ли беа пратеничките места во Собранието на Република Македонија?
Удобни ли се столчињата во Владата и државните институции?
Уште ли ќе лажете дека бевте слободни и автентични?
Ќе им се извините ли на младите за сите манипулации и лажења кои им ги нанесовте?

Кога ќе ја посетите страната на една од „најгласните“ организации студентскиот пленум истата таа страна ќе ве одведе до страница за продавање на долен веш. Да да, официјалната страна на пленумот. Денес таа е место за продажба на долна облека, онаа нечистата, за кратка употреба. Еднократна употреба, иста како таа на пленумот. Велат на виделина секогаш излегуваат нечистите работи, така и со лажниот пленум, се излезе на виделина. Лажна ви беше борбата. Лажен ви беше мотивот. Се беше лажно. Само манипулации и спинувања. Столбовите ви се урнаа како кула од карти. Ги лажевте младите, ги лажевте студентите дека водите некаква битка, а битката беше само за да си ги задоволите вашите лични интереси.

Но дали оние кои излегуваа на улица и искрено бараа некаква правда и слобода, останаа со горчлив вкус во устата и чувство на предавство после она што го слушнаа? Не пропуштаа прилика да истакнат дека секогаш биле независни и надпартиски пратеници, ама на сите им стана јасно зошто Павле „Полче“ Богоевски и Ивана Туфегџиќ не пропуштаа ниту една прилика да ги бранат политиките на Владата, со тоа што ја ставаа под прашање и онака нивната сомнителна независност уште од самиот почеток. Сепак, јасна беше борбата и на нив и на останатите кои добија функции полнејќи ги кабинетите во државните инстутуции дека целта била само за своите интереси и интересите на оној кој ги контолирал и ги поседувал, Зоран Заев.

Создававте #АвтономнаЗона а уствари дадовте огромен придонес кон окупирана држава! Држава во која секојдневно тонеме на секое поле. Особено на полето за кое вие најмногу „лаевте“, образованието, студентскиот стандард, младинската невработеност. Од таа ваша квази борба добивме само изманипулирани студенти и млади луѓе. Добивме и рекорден пад на светските листи каде што се рангира образованието. Добивме молк од над 600 дена. Денес воопшто и не фукнционира законот за високо образование кој беше еден од параваните на вашата борба, а и безрезервно го поддржавте. И не само што не е развоен туку и на дело се покажа дека е полош од предходниот. „Ветуваше“ многу а исполни многу малку. Поминаа и две години од Законот, а студентите ги нема нигде во „новиот“ закон. Не им се дозволи ни на студентите да имаат право на мислење и оцена за избор на доцент, вонреден и редовен професор. Самиот овој факт говори дека студентите се само едни обични објекти и претставуваат само статистичка бројка за оваа власт. А квази борците за „подобар живот“ на студентите седејќи во своите пратенички клупи нигде ги немаше. Гласот им занеме во функција на човекот кој ги поседува и контролира. Не добивме ни нов студентски град, а една набавка на мебел за два блока во студентскиот дом „Гоце Делчев“ траеше цели три години. Од оваа гледна точка, можеби и временска дистанца, можеби името им сметало па затоа и толку многу се кочеше една набавка. Не добивме ни подобрен студентски стандард. Во време на една криза која е зафатена од Корона вирусот токму најмногу се погодени младите, а најголем број од отпуштените вработени се токму млади или студенти. А од владата не видовме никакви мерки ни борба против младинскта невработеност ниту сега, ниту во изминатите 3 години. Но и за ова секако нема ни глас од квази борците кои уживаат во државните функции. Овие таканаречени борци не живеат по студентски домови, не ручаат во студентската менза, не спремаат испити во читални без греење. Таканаречените борци денес си земаат големи плати во државните институции, јадат лешници и бадеми во Влада, уживаат во скапо виски купено со државни пари. Тука заврши нивната „битка“. Тие уживаат во благодетите на власта и заборавија што се зборуваа и ветуваа. Се било лага!

На крајот од своите пратенички мандати кои ги добија како борци и предводници на орагинизациите кои ги поседувал и контролирал Зоран Заев, добро е да соберат храброст и одважност и да им се извинат на сите оние кои ги манипулираа и лажеа со уверувања за некаква си борба. Денес треба да им одговорат на македонските студенти за што уствари тие се бореа за што беа манипулирани и лажени.

Младите не се ничија сопственост, тие од секогаш биле главен коректив на Власта и двигател на промените во општеството. Токму тие ќе ги казнат погрешните политики на Зоран Заев. Уште многу малку остана до обнова на Македонија, до вистински промени!

Уште малку остана до крајот на најголемиот манипулатор и најцрната личност во поновата македонска историја, Зоран Заев!