Македонија 30. декември 2018. / 12:39

Млади Албанци од Студеничани со убави зборови за Ѓорчев: Момци фала!

Млади Албанци од Студеничани со убави зборови за Ѓорчев: Момци фала!

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на фејсбук објави фотографија со тројца млади Албанци од Студеничани со кои случајно се сретнал и размениле убави зборови.

-Момци, фала за добриот муабет и убавите зборови. : )

Селфи и спонтана средба со Сабри, Берат и Ајетула од Студеничани.

Поздрав до Студеничани и среќна Нова година!- напиша Ѓорчев.


Ѓорчев на седницата за пратенички прашања, одржана во четвртокот, упати прашање до премиерот Зоран Заев: Што конкретно како дело и проект има направено за Албанците?

-Господине Заев, Албанците исто како и Македонците и сите останати во Република Македонија, ниту се задоволни, туку се разочарани и излажани од лажните ветувања кои што им ги дававте во предизборието. Господине Заев, имате ситуација каде што и Албанците и Македонците се иселуваат како никогаш, никогаш досега. Погледнете ги паралелките во тетовско и во гостиварско, намалени се од 35 ученици на 12-13 ученици. Господине Заев не набројавте ниту еден проект кој што сте го направиле ниту за Албанците, ниту за Македонците – му порача Ѓорчев на премиерот од собраниската говорница.

Поради неостварените ветувања од страна на Заев кон неговите гласачи, припадници на албанскиот етникум, неговиот рејтинг во оваа група е во слободен пад.

Инаку говорот на пратеникот Ѓорчев, го пренесоа дури 22 албански медиуми. (Линк од албанските медиуми кои го пренесоа говорот –  http://fax.al/search?s=gjorcev&page=1 )

Премиерот, пак од друга страна не даде конкретен одговор на прашањето на Ѓорчев.

Погледнете го говорот на пратеникот: