Македонија 17. јуни 2019. / 10:46

МК замина во историја, од денеска почнува издавањето на регистарски таблички со ознаката NMK

МК замина во историја, од денеска почнува издавањето на регистарски таблички со ознаката NMK

Од денеска почнува издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката NMK. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата. Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција.

Покрај автомобилите, таблички со NMK ќе имаат и автобусите, камионите, мотоциклите, тракторите. Според правилникот за форма и изглед на сообраќајните регистрации, сите возила ќе мора да имаат регистарски таблички со ознаката NMK најдоцна до февруари 2024 година.