Кандидатката на коалицијата „Обнова за Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, ја посети општина Чучер Сандево.
Многу насмеани лица нѐ пречекаа во Чучер Сандево со повици за победата којашто следи на 15 јули.
Победата е веќе тука! – Мизрахи ја опиша посетата.
За време на посетата на Чуче Сандево, Мизрахи се сретна со младите луѓе од општината.
Прекрасна средба со младината од Чучер Сандево. На избори со желба и очекувања дека ВМРО-ДПМНЕ ќе им ја врати изгубената доверба во системот – ја опиша Мизрахи средбата.
Мизрахи го посети и археолошкиот локалитет Бразда на средба со локалните жители.
Мудроста е кај возрасните… Советувајте не… – порача Мизрахи.