Македонија 09. февруари 2020. / 17:22

Мизрахи: Таблата е стара, и благодарам на Царовска што препознала дека ова е Република Македонија

Мизрахи: Таблата е стара, и благодарам на Царовска што препознала дека ова е Република Македонија

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи  изјави дека таблата поставена пред Министерството е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла.

-Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи.

Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, „заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“.