Македонија 11. јуни 2020. / 22:39

Мизрахи: Ќе ја разрешите ли Петровска поради загрозување на европската иднина?

Мизрахи: Ќе ја разрешите ли Петровска поради загрозување на европската иднина?

Ќе ја разрешите ли дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска заради загрозување на европската иднина?, прашува поранешната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, откако Петровска даваше изјава пред пано на кое стоеше дека тоа е „Министерство за внатрешни работи на Република Македонија“.

Мизрахи јавно преку социјалните мрежи го прашува техничкиот премиер Оливер Спасовски, дали ќе ги почитува принципите од 136-та седница на Собрание:

– Штетите од овие постапки се закануваат да бидат огромни за граѓаните, за државата, за нашата евро-атлантска иднина, и јас како Претседател на Владата ги оценив како последици кои мора да се спречат и затоа донесов одлука да поднесам предлог за нејзино разрешување од функцијата, пишува Мизрахи цитирајќи ја изјавата на Спасовски дадена кога таа од истата причина беше разрешена непосредно пред распуштањето на Собранието.