Македонија 29. август 2020. / 17:34

Мизрахи до Заев: Се колнеше дека нема да го менуваш уставното име, а сега ќе се откажеме од Гоце Делчев?

Мизрахи до Заев: Се колнеше дека нема да го менуваш уставното име, а сега ќе се откажеме од Гоце Делчев?

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, денеска од собраниската говорница потсети на неколку изјави од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потенцирајќи дека се колнел во неговите деца дека нема да побара промена на Уставот, за промена на уставното име.

Сега ќе се откажеме од Гоце Делчев?, праша Мизрахи.

Мизрахи потенцираше дека животниот стандард на граѓаните не се зголемува, туку само дивоградбите. Обвини дека власта дополнително се задолжила, а праша и каде се инвестициите кои беа ветени во минатиот мандат. Критики упати и околу борбата за развој на образованието, а со Ковид-19 кризата, како што рече, се чини и дека воопшто ќе нема образование.