Ние сме кандидати за членство во ЕУ и заслужуваме преговори, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, на прашањето од новинари што доколку се случат најавите на Бугарија за блокада на преговорите со ЕУ.
Сепак, додаде тој, доколку се случи она што го најавува Република Бугарија тоа не е ниту во духот на добрососедските односи ниту е во склоп со европските вредности.
За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори. Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите. Нашиот пат е европсккиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано, рече координаторот на СДСМ и Коалицијата Митрески.