Македонија 12. ноември 2019. / 14:50

Митоска: “Мој термин” сега е надограден во Вице-термин

Митоска: “Мој термин” сега е надограден во Вице-термин

Слаѓана Митоска пратеничка од редовите на ВМРО ДПМНЕ на денешната собраниска седница кажа дека состојбите како во економијата така и во здравството се ужасно лоши. Таа појасни дека граѓаните секојдневно се мачат да ги купат своите лекови и да закажат преглед на мој термин. Имено, Митоска потенцираше дека Мој термин сега е надограден во Вице-термин.

Граѓаните се мачат да ги купат своите лекови , секојдневно се мачат да закажат мој термин и да направат еден обичен лекарски преглед всушност тоа и не постоело но сега гледам и зошто , затоа што почитуваните граѓани го погрешиле принципот на закажување на мој термин . Па мој термин сега е надограден и се вика Вице –термин . Наместо да одат кај матичниот лекар да закажат мој термин тие едноставно преку телефонски повик треба да се јават на Вице Заев и на тој начин по брза постапка ќе закажат термин каде и да посакаат кажа Митоска.