Историчарот Митко Панов кој работи во Институтот за национална историја, го коментираше новиот Концепт за основно образование каде е предвидено бришење на предметот историја и ставање во еден предмет, но и тој ја искоментира и политичката ситуација.
Она што де факто ќе се случи е дека нема повеќе да има учебници по историја и изненадувачки е што концептот го планираат за наредната учебна година. Она што се случува во целава ситуација со политичката консталација во која се наоѓа Република Македонија, влева сомнеж особено од фактот што сите сме сведоци за условеноста на промената на учебници и историскиот и национален наратив за натамошните интеграции на Македонија, изјави во „Само вистина“ на Канал 5, професорот од Институтот за Национална историја, Митко Панов.
– Изненадувачки проструи оваа вест и таа презентација на Концептот з апромена на наставните програми во основно образование, особено што еве јас како вработен во Институтот за национална историја, моите колеги и самиот Институт од тоа што реагираа и колегите од факултетот од Инститот за историја при УКИМ се добива впечаток дека во креирањето на овој Концпет не е косултиран, тој што треба да биде, тие кои предаваат историја, потенцира Панов.
Тој вели дека финскиот модел врз кој се повикува МОН, не е таков каков што сакаат да ни го претстават бидејќи дури и во Финска се изучува предмет историја како засебен предмет.
– Јас имав проект каде правев компарација со наставните програми и она што се повикува минисстерството за финскиот образовен систем кој е еден од најдаптираните за современите времиња укажува дека и таму предметот историја се изучува во основно образование, одноено од општествени студии. Прво нема општесствени науки, туку самиот назив е промашен, тоа с еученици кои учат во основно. Во тој контекст тоа што предметот историја се уккинува де факто, бидејќи се спојува со нов предмет кој ќе се вика опшстествени науки во кој ќе бидат помести и географија, граѓанско, антропологија и философија, значи историјата ќе биде маргинализирана. Во наставните програми во регионот и пошироко во Европа ниту една земја не го укинува предметот историја ниту го интегрира во друг предмет, бидејќи историјата има суштинско значење, истакна Панов.
На крај тој посочи дека во финскиот систем укажуваат дека целта на предметот историја е да се поддржат учениците во ргадењето на нивниот идентитет и да се промовира нивната изградба во активни членови на општеството кои ја разбираат различноста.