Македонија 25. октомври 2019. / 10:45

Митко Јанчев: Во овој момент не размислувам за нова партија

Митко Јанчев: Во овој момент не размислувам за нова партија

Нема вистина во тоа. Во овој момент не размислувам за нова политичка партија, вели за „Независен весник“ градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Неговото име честопати се споменува во контекст на формирање нова политичка партија, во која би имало место и за други (поранешни) членови на ВМРО-ДПМНЕ (Никола Тодоров, Сашо Мијалков, Петар Богојески…) што не се согласуваат со начинот на кој што се води партијата.

Тој не сака да го прогнозира исходот од претстојните избори и најавите од неговата партија дека ќе извојуваат убедлива победа и ќе се вратат на власт.

-Изборите се мерило и предизвик за секоја партија. Пред натпреварот, сите имаат шанса, подвлекува Јанчев.