Македонија 01. јуни 2018. / 09:45

Митко Јанчев го праќа Груевски во пензија

Митко Јанчев го праќа Груевски во пензија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Кавадарци г. Митко Јанчев во интервју за порталот „Поглед.мк“ на прашањето: Дали сметате дека Никола Груевски треба конечно и политички да се пензионира, со цел да ви остави на Вам, новите лица на партијата, чист терен за промовирање на една нова политика на македонската политичка сцена? – вели:

– Г-дин Никола Груевски направи многу за Македонија, тој е и почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, сега има ново раководство кое промовира нови идеи и има визија за иднината. Груевски со сите заслуги и многуте години како успешен политичар може политички да се пензионира.